петок, 20 март 2026

Сериозен удар за Италија и Гатузо пред баражот за СП

Италијанската репрезентација се соочува со сериозен проблем во пресрет на бараж натпреварите за пласман на Светското првенство кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот Џенаро Гатузо доби лоши вести откако Сандро Тонали се повреди на натпреварот меѓу Њукасл и Барселона во Лигата на шампионите. Италијанскиот репрезентативец мораше предвреме да го напушти теренот поради повреда на мускулот на левата нога.

Првичните информации говорат дека станува збор за посериозен проблем кој ќе го оддалечи Тонали од терените во наредниот период. Тој сигурно ќе го пропушти следниот натпревар на Њукасл во Премиер лигата, а под голем знак прашалник е и неговиот настап во баражите за мундијалот.

Ова е сериозен удар за Гатузо, кому Тонали му е еден од клучните играчи во средниот ред во битката за пласман на Светското првенство.

Италијанаците во полуфиналниот бараж играат против Северна Ирска, а при евентуална победа ќе вкрстат со подобриот од дуелот на Велс и Босна и Херцеговина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ