недела, 4 мај 2025

Серија А донесе одлука, во среда ќе се одиграат одложените натпревари

Поради смртта на папата Франциск, фудбалските натпревари во Италија кои требаше да се играат денеска беа одложени, а Серија А сега го објави новиот датум.

Објавено на

часот

Сподели

Откажаните мечеви ќе се играат во среда, на 23 април.

Тоа се натпреварите Торино – Удинезе, Каљари – Фиорентина, Џенова – Лацио и Парма – Јувентус.

Ова нема да има влијание на полуфиналето од Купот на Италија. Мечот меѓу Интер и Милан ќе се игра исто така во среда.

А дуелот меѓу Болоња и Емполи ќе биде во четврток, како што претходно беше закажан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ