четврток, 8 јануари 2026

Серафимов: Желбата е неспорна, одиме исто против сите ривали на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија отпатува во Швајцарија и ќе настапи на „Жолтиот куп“ во пресрет на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Пред патувањето своите очекувања ги сподели десниот бек Мартин Серафимов. Тој го нагласи македонскиот квалитет и ги анализира идните противници.

Можам да кажам дека имаме многу квалитетни играчи во ростерот. Сите играат во клубовите, имаат минутажа и играат силни натпревари. Останува само да се доусовршиме и да се воиграме повеќе. Не знам за тактичкиот дел, но гарантирам дека ќе го дадеме максимумот.

За желбата нема никаква споредба, без разлика дали противник ќе ни биде Данска, Португалија или Романија. Против сите влегуваме со сто проценти. Данска е ракометен гигант, Португалија е во подем има играчи што играат редовно во ЛШ и имаат поквалитетни натпревари, но ние ќе се бориме до последна минута и мислам дека сè ќе се заврши позитивно. Што се однесува до Романија, сигурно дека нема да ја потцениме. Мислам дека сме на добар пат на ЕП да влеземе како што треба, без никаква ментална и психичка пречка“, изјави Серафимов.

На турнирот во Швајцарија освен против домаќинот Македонија ќе игра против Бахреин и Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ