петок, 16 јануари 2026

Серафимов: Данска е многу силна, наше е да одиграме најдобро што можеме

Македонија денеска го почнува настапот на Европското првенство, прв противник ни е домаќинот Данска, мечот почнува од 20:30 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Данците се апсолутен фаворит, но Мартин Серафимов смета дека ако одиграме на нашето највисоко ниво, може да оствариме добар резултат.

„Пред мечот со Данска, чувствата кај нас се специфични, но треба да се знае дека ова е само еден обичен натпревар, почнуваме од 0-0, треба да настапиме како против кој било друг ривал и да се обидеме да избориме добар резултат. Противникот е одличен, сите ракометари играат во врвни клубови и тоа, барем на хартија, делува страшно. Но, како што реков, ние излегуваме на терен за да одиграме најдобро што можеме. Кај нас нема калкулации и ако одиграме најдобро што знаеме, можеме да извлечеме добар резултат. Спортски е да се надеваме на успех, но од нас зависи како ќе влеземе во мечот и како ќе одиграме“, рече 25-годишниот репрезентативец на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ