сабота, 17 јануари 2026

Сензација: Србија по нотите на Раул ја победи Германија

Ракометната репрезентација на Србија под водство на Раул Гонзалез оствари огромна победа, со 30-27 ја совлада Германија и дојде на чекор до пласман во следната фаза.

Објавено на

часот

Сподели

Германците беа фаворит во овој меч, но поранешниот селектор на Македонија и европски шампион со Вардар, Раул Гонзалез го најде лекот и успеа на Србија да и донесе победа.

Србите одиграа извонредно второ полувреме во кое не само што ја анулираа негативата од четири разлика, туку и славеа со три гол што ги става во ситуација да се најдат на милиметри од пласман во главната фаза на континенталниот шампионат. Им треба само победа против Австрија во последниот круг за да се најдат меѓу 12. најдобри.

Се чинеше дека Германија лесно ќе дојде до вториот триумф на првенството бидејќи во финишот од првото полувреме со една серија отидоа на највисоки +4 (17-13). Српските ракометари, сепак, не се предадоа, во вториот дел ја стегнаа одбраната и за 20 минути примија само четири гола, како резултат на што отидоа на +2 (23-21). Германија за кратко се врати, два пати во водство од еден разлика, но една грешка на селекторот кој побара тајмаут во момент кога неговите ракометари постигнаа гол за израмнување, придонесе на Србија да ѝ се отвори патот кон исклучително важна победа.

Воркапиќ и Којадиновиќ со по шест гола беа најефикасни, Пешмалбек постигна пет, а Додиќ четири од четири шута. Огромен придонес за победата имаше и поранешниот голман на Вардар, Дејан Милосављев кој оствари 12 одбрани.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ