Мекларен доминираше на слободните тренинзи во Хунгароринг, но потфрли кога беше најпотребно.
Во втората сесија во квалификациите, Ландо Норис постави време од 1:14.980, но не можеше да го повтори во третата сесија.
Условите се променија, се појавија облаци, почна да дува и посилен ветер, па температурата на патеката се намали.
Ова го искористи Шарл Леклер, кој со време од 1:15.372 се најде на пол позиција, со 0,026 секунди предност во однос на Оскар Пјастри и 0,041 секунда во однос на Ландо Норис.
Во топ десет уште се најдоа Расел, Алонсо, Строл, Бортолето, Ферстапен, Лоусон и Хаџар.






