Сениорскиот тим на Англија чека на титула од далечната 1966 година, но затоа пак младинците се многу поуспешни.
На Европското првенство за играчи до 21 година, Англија вечерва ја совлада Германија во финалето и го одбрани трофејот од пред две години.
Натпреварот во Братислава почна одлично за „гордиот албион“, Елиот донесе 1-0 по само пет минути игра, а Хачинсон зголеми на 2-0 во 25. минута.
Сепак, Вајпер пред крајот на првиот дел намали на 2-1 и најави неизвесно второ полувреме.
Германија стигна до 2-2 по еден час игра, кога Небел го донесе мечот во егал.
Психолошката предност можеби беше на страната на младите „панцери“, но Англија стигна до 3-2 со голот на Роу на почетокот од продолжението, а потоа и среќата беше на страната на „гордиот албион“ за ново славје на континенталниот собир.
Le but de Rowe en finale de l’Euro espoirs #TeamOM pic.twitter.com/7u5de0zSKR
— Remi (@Remi25572814142) June 28, 2025
ФОТО: X/England