Селекторот Кристијан Грчевски го скрати списокот и се одлучи за 20 ракометарки на кои ќе смета за пресметките со Германија и Словенија.
Во составот нема да биде една од клучните фигури, Сара Ристовска, која поради повреда нема да може да помогне на националниот тим.
Македонија прво ќе ја пречека Германија на 8 април, а потоа следува гостувањето кај Словенија четири дена подоцна. Репрезентацијата ќе ги започне мини-подготовките со собир во Скопје на 6 април.







