недела, 7 декември 2025

Седум црвени картони на еден натпревар (ВИДЕО)

Во првенството на Боловија синоќа се одигра ретко виден натпревар на кој беа доделени дури седум црвени картони, мечот беше меѓу екипите на Блиминг и Боливар.

Објавено на

часот

Сподели

Мечот го доби Боливар со 2-1, но она што го одбележа се дури седумте исклучувања кои го одбележаа натпреварот, тоа беше последица на неколку тепачки во различни интервали од мечот.

Првиот контингент од три црвени картони беше испорачан во 39. минута, два за гостите и еден за домаќините. Шест минути подоцна по еден на двете страни, па на крајот на полувремето, односот на силите беше девет спрема осум.

Во 54. минута дојде шестото исклучување, а во 60. и последното, па Блуминг остана со само седум фудбалери. Според правилата на ФИФА, натпреварот се прекинува ако една екипа добие пет црвени картони, но тоа, сепак, не се случи до крајот.

Боливар го искористи просторот за игра и во 92. минута постигна гол со кој дојде до победа на овој натпревар, по што судијата отсвири крај на мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ