понеделник, 15 декември 2025

Седлоски: Треба да бидеме максимално фокусирани и да ги користиме шансите

Утре Вардар со почеток од 20:15 часот со предност од 2-1 ќе го почне реваншот против Лозана кој се игра во Швајцарија во рамките од второто квалификациско коло во Конференциската лига.

Објавено на

часот

Сподели

Лозана влезе како голем фаворит во оваа пресметка, но Вардар се покажа во одлично издание во Скопје и дојде до победа од 2-1. Шансите за црвено-црните се зголемени, но победникот ќе се решава утре.

„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме шансите“, вели тренерот на Вардар, Гоце Седлоски.

„Горан Закариќ е со нас во тимот исто така како што беше и во Скопје. По денешниот тренинг ќе одлучам што и како околу составот. Што се однесува до вештачката трева, ние сме оодготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам доба меч, против сериозен ривал. Па нека победи подобриот“.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ