вторник, 31 март 2026

Седлоски: Ремито е реален резултат, задоволен сум од тоа што го видов

Селекторот Гоце Седлоски е задоволен од денешното реми против Ирска во Даблин, Македонија конечно одигра меч без примен гол.

Фото: ФФМ

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот немаше никакво резултатско значење, па без притисок добро им париравме на Ирците. Особено бевме доби во одбраната, каде не им дозволивме на домаќините да се размавнат. Во нападот не направивме многу, бевме безопасни по провитничкиот гол.

„По оној тежок натпревар во Данска, денешниот натпревар беше доста тврд, притисокот кој го направија Ирците во второто полувреме во првите десет минути и во финишот. Ги видов сите фудбалери, знаевме дека играме против еден тежок противник. Нерешниот резултат на крајот е и реален. Знаевме дека се подготвени на тие нафрлувања и на тие високи топки.
Нема лесни противници, дали било Ирска или Данска. Ние ги анализиравме знаеме како играаат. Данска е сосема друга репрезентација. Дали било подобро со Ирска во полуфинале не можеме да кажеме, можеби би играле со поголем пресинг. Ние одигравме со Ирска и Данска, за жал го загубивме тој дуел во Копенхаген. Денеска им дадов шанса на сите и јас сум задоволен од она што го видов, има многу работа и мораме да ја освежуваме репрезентацијата“, изјави Седлоски по натпреварот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ