Седлоски денеска го имаше своето прво обраќање пред новинарите.
„Сакам да се заблаогдарам на ФФМ за укажаната доверба да бидам селектор за А репрезентација. За мене ова е голема чест, но и одговорност. Свесен сум за очекувањата, но и за потенцијалот кој го има оваа репрезентација. Сакам да изградиме карактер на селекција која ќе го дава максимумот на секој натпревар. Максимален ангажман, на секој натпревар, до последна минута. Верувам во квалитетот на фудбалерите и во нивната желба да го носат дресот и да го даваат максумимот. Верувам дека ФФМ ќе ни обезбеди максимални услови и ќе направиме се за напредок на нашиот националниот тим“, рече Седлоски.
„Ги познавам сите играчи кои овој период играа за репрезентација. Ќе има освежување во репрезентацијата, секој кој игра добро во клубот и кој заслужува да го носи националниот дрес ќе игра. За мечот со Данска ќе барам од секој поединец да даде максимум, да даде над просек и со максимална и дисциплинирана игра да дојдеме до зацртаната цел“.
„Во стручниот штб ќе бидат Броче Христов, Ерхад Алими, Гого Јовчев и размислувам уште двајца квалитетни тренери до мене, еден кондициски и еден врвен тренер“.
Тој вети дека ќе повикува повеќе играчи и од македонското првенство.
„Ќе настојувам на секој повик најмалку четири до пет играчи да има од македонското првенство. Во македонската лига има добри играчи кои заслужуваат повик“.
Можно е враќање на Ристовски, Адеми и Николов, ќе има разговори со нив по што ќе биде одлучено.
„Со Адеми, Стефан Ристовски и со Николов ќе разговарам и ќе одлучиме дали ќе се вратат“.
Седлоски ветува дека ќе игра офанзивен фудбал.
„Како играч сум бил во одбраната, но како тренер никогаш нема да се бранам, ќе настојувам да играме офанзивен фудбал, но рано е за тоа, ќе разговарам со играчите, па ќе донесеме некоја филозофија. Но, јас сакам да играм офанзивен фудбал“.






