четврток, 12 март 2026

Седлоски ќе повика барем еден дебитант за баражот за СП

Фудбалската репрезентација на Македонија во март ќе игра бараж за Светското првенство, а првиот ривал е Данска.

Објавено на

часот

Сподели

Се очекува селекторот Гоце Седлоски да го објави првиот список на фудбалери за својот прв собир. Според информациите, на него ќе има барем двајца од Шкендија, бидејќи клубот објави на социјалните мрежи.

Шампионот на ПМФЛ објави дека Седлоски освен повикот за Решат Рамадани кој веќе има два настапи за Македонија, на списокот ќе се најде и дефанзивецот Имран Фетаи. 23-годишникот ги мина младинските категории на Македонија, а сега ќе добие и прв сениорски повик во националниот тим.

Македонија на 26 март ќе игра против Данска во Копенхаген, додека на 31 март ќе се соочи со Ирска или Чешка во Даблин или Прага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ