сабота, 12 јули 2025

Се случи очекуваното реми меѓу Интер Мајами и Палмеирас, двете екипи одат во осминафинале (ВИДЕО)

Интер Мајами и Палмеирас одиграа 2-2 и се пласираа во осминафиналето од Светското клупско првенство, а резултатот и да беше поинаков Порто немаше да биде таму бидејќи во меч со дожд од голови одигра 4-4 против Ал Ахли.

Објавено на

часот

Сподели

Беше познато дека ако Интер Мајами и Палмеирас одиграат нерешено и двете екипи ќе се пласираат во нокаут фазата од СКП.

Меч кој потсети на дуелот меѓу Шведска и Данска кога на двете селекции им беше потребно реми од 2-2, а со тој резултат и заврши мечот.

Дуелот меѓу Интер Мајами и Палмеирас не изгледаше дека е местен, но заврши со резултатот кој им беше потребен и на двете екипи.

Интер Мајами поведе уште во 16. минута со гол на Аленде кој излезе сам пред противничкиот голман и ја смести топката во мрежата.

Водство од 2-0 донесе Луис Суарез по 20 минути игра во второто полувреме.

Интер Мајами водеше со 80. минута кога Паулињо намали на 2-1, а Маурисио седум минути подоцна ги постави конечните 2-2.

Резултатот да беше и поинаков Порто немаше да се пласира во осминафиналето бидејќи не успеа да го победи Ал Ахли, мечот заврши 4-4.

Ал Ахли четирипати водеше, Порто исто толку пати го израмнуваше резултатот.

Абу Али во 15. минута донесе водство за Ал Ахли, но седум минути подоцна Мора изедначи на 1-1.

Во самиот финиш од првиот дел Абу Али даде нов гол, овојпат погоди од пенал и го врати водството на својот тим.

По пет минути игра во вториот дел Вилијам Гомез со убав гол од далечина израмни на 2-2, но веќе во следната минута Абу Али комплетираше хет-трик за предност на Ал Ахли од 3-2.

Но оваа предност траеше само две минути, Саму во 53. минута израмни на 3-3.

Во 64. минута Бен Ромдане донесе предност за Ал Ахли од 4-3, а Пепе во 89. минута ги постави конечните 4-4.

Палмеирас и Интер Мајами со по пет бода продолжуваат понатаму, Порто и Ал Ахли со по два се елиминирани од Светското клупско првенство.

Фото: X/InterMiami

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ