Канадскиот кошаркар заработи повреда на абдоменот. Поради овој проблем се очекува да биде надвор од терените барем две седмици.
Се очекува Гилџус Александер да скокне барем пет натпревари на шампионот Оклахома Сити Тандер. Освен тоа, ланскиот МВП на НБА лигата ќе го пропушти и „Ол-стар“ мечот.
Оклахома би требало лесно да го „амортизира“ отсуството на Гилџус Александер, особено бидејќи има солидна предност на врвот на табелата.






