Се работи за Бенјамин Шешко кој веќе ги договорил личните услови со Њукасл. Словенецот ќе се пресели во Премиер лигата.
Во тек се преговорите меѓу Њукасл и Лајпциг кои се очекува да завршат позитивно.
Се шпекулира дека актуелната понуда на Њукасл за Шешко изнесува 72 милиони евра, оваа сума би можела да стане и нешто поголема.
Очекувањата се дека ова ќе биде третиот најголем трансфер на фудбалер од екс-Ју државите.
Рекордот го држи Јошко Гвардиол кој за околу 100 милиони евра отиде во Манчестер Сити, втор е Душан Влаховиќ за кого Јувентус плати 85 милиони евра.






