Се подготвува трансфер бомба на „островото“, Александер Исак повлече потег и го известил Њукасл дека сака да го напушти клубот ова лето.
По многу шпекулации за иднината на Швеѓанецот, денеска беше објавено дека тој нема да патува на турнејата во Азија, во прв момент се говореше дека тоа е поради ситна повреда, но подоцна голем број на извори објавија дека всушност напаѓачот побарал да биде продаден.
Ливерпул се посочува како фаворит за неговиот потпис, клубот од Енфилд е подготвен повторно ова лето да го собори трансфер рекордот кога е во прашање Премиерлигата.
Се верува дека „црвените“ се подготвени да платат околу 120 милиони фунти, останува да се види дали ова ќе биде доволно, Њукасл постави цена од 150 милиони фунти.
ФОТО: X/Newcastle United






