вторник, 10 јуни 2025

Се подготвува едно од најголемите предавства во Турција, Фенер го „краде“ Осимен од Галатасарај

Медиумите од Турција пренесуваат дека Фенербахче сака со многу пари да му ги поремети плановите на лутиот ривал Галатасарај и во своите редови да го донесе Виктор Осимен.

Објавено на

часот

Сподели

Минатото лето, Виктор Осимен направи чуден трансфер и откако цело лето се поврзуваше со Челси и Саудиска Арабија, на крајот заврши на позајмица во Галатасарај.

Напаѓачот и ова лето е на мета на гигантите ширум Европа, како и на Саудиска Арабија, но весникот Хуријет сега говори за нов изненадувачки трансфер.

Фенербахче пројавил интерес за услугите на Виктор Осимен, и со цел да го „украдат“ од лутиот ривал, подготвени за да потрошат многу пари.

Се шпекулира дека популарните „жолто-сини“ на Наполи му понудиле 75 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на напаѓачот.

Фенербахче исто така е подготвен на Витор Осимен да му понуди плата од фантастични 15-20 милиони евра по сезона, односно повеќе од тоа што Галатасарај е подготвена да го плати.

Останува да се види дали може да се реализира една ваква зделка, која ќе биде едно од најголемите предавства во Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ