вторник, 16 декември 2025

Се менуваат работите: Влаховиќ сака да остане во Јувентус

Новиот тренер на Јувентус, Лучано Спалети открива дека разговарал со Душан Влаховиќ и српскиот напаѓач му кажал дека сака да остане во клубот.

Објавено на

часот

Сподели

Актуелниот договор на Влаховиќ со Јувентус истекува по крајот на оваа сезона и често се шпекулира со негово заминување. Тој веќе од јануари може да почне да преговара со други клубови, но изјавата на Спалети дава нова димензија на неговата ситуација.

„Имав долг разговор со него и сфатив дека тој ја познава атмосферата во Торино, знае што значи да се игра за ваков клуб и без оглед на тоа што неговот договор истекува во јуни, сака да остане тука и во иднина. Всушност, не само што сака, туку и би бил почестен да остане, а јас имам големи планови со него“, изјави Спалети.

Сезонава Србинот одигра 13 натпревари за Јувентус и постигна пет гола од кои три во Серија А и два во Лигата на шампионите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ