четврток, 11 декември 2025
Дали се креира страшно трио?

Се крчка „бомба“ во НБА: Агентот на Никола Јокиќ на јахта во друштво со Леброн Џејмс (ФОТО)

Агентот на Никола Јокиќ, Мишко Ражнатовиќ предизвика лавина гласини со една фотографија на социјалните мрежи и реченица која може да се протолкува на многу начини.

Објавено на

часот

Сподели

Во НБА е сезона на шпекулации, иднината на многу играчи виси во воздух, па и секој најмал сигнал лесно станува вистинска „бомба“.

Понекогаш е доволно само една фотографија и една реченица за да се покрене вистинска бура.

Токму тоа го стори влијателниот Мишко Ражнатовиќ, агент на Никола Јокиќ и многу светски и евролигашки ѕвезди.

Тој на социјалните мрежи објави фотографија како ужива на јахта во Сент Тропе, а друштво му прави Леброн Џејмс и неговиот бизнис партнер Маверик Картер.

„Летото 2025 е совршено време за да се направат големи планови за есента 2026!“ – гласеше пораката која само дополнително ги распали гласините.

Аналитичарите веќе се обидуваат да го дешифрираат значењето на оваа средба и порака, една теорија е дека се ковал план за преселба на Никола Јокиќ во ЛА Лејкерс и креирање на страшно трио со Леброн Џејмс и Лука Дончиќ.

Друга теорија е обратен трансфер, односно Леброн џејмс да заврши во Денвер по истекот на актуелниот договор со ЛА Лејкерс. Ова не е прв пат „нагетс“ да се обидат да го ангажираат „кралот“, не успеаја во намерата во 2018 година.

Третата теорија е за бизнис соработка помеѓу двете страни, бизнис партнерот на Леброн Џејмс, Маверик Картер работи на амбициозен план за лансирање на нова меѓународна лига вредна 5 милијарди долари.

Мишко Ражнатовиќ, кој застапува речиси половина од играчите во Евролигата, би бил идеален партнер за овој проект.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ