четврток, 25 декември 2025

Се јави и Новески: Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија

Како што и се очекуваше, новата изјава на Игор Ангеловски доби одговор од ФФМ, овојпат свое мислење даде Николче Новески кој беше член на комисијата за избор на селектор.

Фото: ФФМ

Објавено на

часот

Сподели

Игор Ангеловски утринава повторно распука против ФФМ и Масер Омерагиќ одговарајќи на синоќешната изјава на претседателот.

Не помина долго, овојпат со изјава во одбрана на изборот за нов селектор излезе Новески.

„Мислам дека е времe за нови лица и создавање на нови стручни кадри во футбалот.
Секој треба да добие шанса, а времето ке покаже дали е оправдана довербата. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план.
Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што ѝ мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби.
Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија”.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ