петок, 6 февруари 2026

Саудијците со предупредување до Роналдо: Колку и да си важен, нема да носиш одлуки

Кристијано Роналдо е во „отворена војна“ против ПИФ (Јавниот инвестициски фонд) во Саудиска Арабија.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалската супер-ѕвезда го бојкотира својот клуб Ал-Наср и не сака да игра, па ги скокна последните два натпревари. Неговите жалби се засновани на фактот дека ПИФ го фаворизирал ривалог Ал-Хилал кој неодамна го доби и Карим Бензема. Поради тоа Роналдо смета дека Ал-Наср е на маргините и не сака да игра во Саудиска Арабија.

Изненадувачки, реакција дојде од Саудијците. Преку официјално соопштение тие го прекорија Роналдо.

Саудиската лига е структурирана околу едноставен принцип: секој клуб работи независно според истите правила. Клубовите имаат свои одбори, свои извршни директори и свој фудбалски менаџмент. Одлуките за регрутирање, трошење и стратегија ги донесуваат клубовите, во рамките на финансиска рамка дизајнирана да обезбеди одржливост и конкурентска рамнотежа што важи подеднакво за целата лига. Роналдо е целосно посветен на Ал-Наср од неговото доаѓање и одигра важна улога во растот и амбицијата на клубот. Како и секој елитен натпреварувач, тој сака да победува. Но, ниту еден поединец, без разлика колку е важен, не донесува одлуки надвор од својот клуб“, напишано е во соопштението.

Роналдо е член на Ал-Наср од 2022 година, а сè погласни се најавите за заминување, особено ако не се „испеглаат“ односите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ