понеделник, 15 декември 2025

Сашко Кедев стана прв Македонец кој ги искачи сите 14 врвови над 8.000 метри (ФОТО)

Сашко Кедев стигна до историски успех откако стана првиот Македонец кој ги освил сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри, тој денеска го освои Гашербрум во Пакистан.

Објавено на

часот

Сподели

Докторот Сашко Кедев, кој има огромна пасија кон алпинизмот, утрово во 10:44 часот го освои Гашербрум I во Пакистан, врв висок 8.080 метри.

Со ова тој направи голем подвиг и стана првиот Македонец кој ги има искачено сите 14 врвови во светот високи над 8.000 метри.

За ова на Сашо Кедев му требаа околу четири години, спискот на неговите освоени врвови изгледа вака: Монт Еверест, К2, Канченџунга, Лоце, Макалу, Чо Оју, Даулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II и најновиот Гашербрум I.

Дел од денешната експедиција биле и Ванг Жонг од Кина и шерпасите Дава Гјалје и Нгима Нуру од Непал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ