недела, 14 декември 2025

Сан Антонио преку Оклахома до финалето од НБА купот (ВИДЕО)

Сан Антонио Спарс направија големо изненадување откако го совладаа шампионскиот тим на Оклахома во полуфиналето во Лас Вегас и се пласираа во финалето од НБА купот.

Објавено на

часот

Сподели

Оклахома имаше само еден пораз оваа сезона и беше фаворит во ноќешната пресметка, но кошаркарите на Сан Антонио не се исплашија и со пресврт во неизвесната завршница дојдоа до победа од 111-109.

Девин Васел постигна 23 поени, додека Фокс, Касл и Вембањама додадоа по 22. Кај Оклахома, Шај Гилџус-Александер беше најефикасен со 29 поени.

Сан Антонио во финалето на НБА купот ќе се сретне со тимот на Њујорк Никс, кој го совладаа Орландо меџик (132-120), предводен од Џејлен Брансон (40 поени). Финалето се игра на 17 декември од 2.30 часот по македонско време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ