понеделник, 9 јуни 2025
Неочекувана драма во пресрет на последното коло

Само во Саудиска Арабија: Службена победа за Роналдо и Ал Наср, голманот бил полицаец

Драма во пресрет на последното коло во првенството на Саудиска Арабија, Ал Наср доби шанса да се замеша за место во Лигата на шампиони откако на зелена маса добија три бода.

Објавено на

часот

Сподели

Последното коло во првенството на Саудиска Арабија ќе донесе драма откако се случи неочекуван пресврт.

Ал Наср на зелена маса утрово доби три бода, па клубот на Кристијано Роналдо сега може да се замеша во битката за место во Лигата на шампиони.

Имено, Ал Наср успеа да докаже дека на поразот од 2-1 против Ал Оробах во 23. коло, резервниот голман Рафи Ал Руваили не бил регистриран во согласност со правилата.

Проблем е тоа што Рафи Ал Руваили е полу-професионалец и кога почнала сезоната тој бил вработен како полицаец.

Жалбата беше уважена, Ал Наср доби три бода од мечот против Ал Оробах и сега е на -2 во однос на Ал Хилал, кој има незгоден меч против Ал Кадсија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ