недела, 13 јули 2025

Само реми за Реал против Ал-Хилал, Јувентус ја наполни мрежата на Ал-Аин (ВИДЕО)

Реал Мадрид одигра 1-1 против Ал Хилал, Јувентус со 5-0 беше подобар од Ал-Аин, Манчестер Сити со рутински 2-0 го совлада Видад, а Салцбург со 2-1 славеше над Пачука.

Објавено на

часот

Сподели

Чаби Алонсо немаше идеален старт на клупата на Реал Мадрид откако одигра само 1-1 против Ал Хилал.

Реал поведе со гол на Гарсија во 34. минута, но само седум минути подоцна Невес од пенал го изедначи резултатот на 1-1.

Манчестер Сити со голови на Фоден и Доку во првото полувреме дојде до триумф над Видад од Мароко.

Јувентус одигра одличен натпревар и постигна пет гола против Ал-Аин. Во првиот дел го решија мечот кога дадоа четири голови, а во второто полувреме ја тргнаа педалата од гас и дадоа само уште еден погодок.

По два гола дадоа Коло Муани и Консеисао, а еднаш погоди Јилдиз.

Салцбург со гол на Глоук во финишот од првото полувреме поведе против Пачука.

Мексиканците по десет минути игра во вториот дел израмнија на 1-1 против Гонзалез, но на 15 минути до крајот Онисиво даде гол за победа на Салцбург од 2-1.

Со овие натпревари беше комплетирано првото коло од групната фаза на Светското клупско првенство.

Фото: X/JuventusFC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ