Традицијата почнала пред 165 години, фудбал во Англија се играше во сите лиги, тоа беше подарок за навивачите на овој посебен ден.
Но, за денешните луѓе кои го водат фудбалот ништо не е свето, па ниту оваа неверојатна традиција. Наместо многу натпревари, денеска се игра само еден, Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд го пречекува Њукасл.
Ова не им се допадна на навивачите, па Премиер лигата се обиде со соопштение да објасни зошто се случи на Боксинг деј да има само еден натпревар.
„Премиер лигата сака да ги информира своите фанови за околностите кои доведоа до намалување за намалување на бројот на натпревари на Боксинг деј. Распоредот на натпревари се соочува со некои предизвици кои произлегуваат од проширувањето на меѓународните натпреварувања што доведе до ревизија на нашиот домашен календар. Со помал број достапни викенди, ограничени сме со распоредот, но Премиер лига може да гарантира дека идната сезона ќе има повеќе натпревари на Боксинг бидејќи тој датум ќе биде во сабота“, објави лигата.






