Македонија по оваа ставка доби скромни 150.000 евра, зад нас се само Ирска и Косово.
Најмногу од македонските клубови доби Шкендија, 65.862 евра, втор е Работнички со 25.613, нешто помалку оди во касата на Брера 21.954, Вардар доби 14.636, а пари има и за Македонија ЃП, Шкупи и Силекс, трите клуба по 7.318.
Зад македонските тимови следат само клубовите од Косово, кои добија вкупно 120.747 евра, како и тие од Ирска кои поделија само 95.134 евра.
Претседателот на УЕФА, Алаександер Чеферин кажа дека е задоволен поради тоа што поделиле рекорден број на финансиски средства.
„Фантастично е тоа што клубови од сите нивоа, низ цела фудбалска пирамида, добија финансиска награда за нивната важна улога во развивање на фудбалери кои учествувале во успесите на нивните национални тимови. Секој успех во нашите натпреварувања е заеднички“, кажа Чеферин.