Ова е иницијатива на градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски кој им се заблагодари на советниците за изгласувањето на одлуката.
Лазар Лекиќ остави огромна трага за македонската кошарка и за кошаркарскиот клуб Работнички.
„На мој предлог, салата се преименува во чест на човекот кој остави длабока трага во македонската кошарка и во историјата на КК Работнички. Ја реконструиравме од корен и таа сега доби целосно нов лик – заслужува име што ќе го продолжи духот и традицијата на клубот. Горд сум што нашата сала е по ФИБА стандарди, подготвена за нови спортски успеси и генерации кои ќе ја продолжат славната кошаркарска приказна на Работнички. Лазар Лечиќ е вистинска легенда и неговото име ќе живее овде, каде што испиша историја“, вели градоначалникот на центар, Горан Герасимовски.






