Можеби Ливерпул денеска ќе победеше и без Салах, но враќањето на најголемата ѕвезда на црвените е најважната вест денеска во Англија.
По вчерашниот состанок, секирите се закопани, а Салах повторно е во тимот откако не беше повикан за мечот со Интер во Милано.
Слот не сакаше веднаш да го стави во стартниот тим, Салах беше на клупата, а Ливерпул поведе уште во првата минута со гол на Екитике.
Но, судбината сакаше Салах рано да влезе во мечот. Во 26. минута Гомез мораше да излезе поради повреда, а на негово место влезе Салах.
Тој беше асистент на вториот гол кој исто така го постигна Екитике, погодокот падна во 60. минута, 2-0 беше конечниот резултат.
Со 2-0 победи и Челси против Евертон. Палмер и Густо ги постигнаа головите.






