Салах ќе биде во составот на Ливерпул за мечот против Брајтон на Енфилд, останува да се види само дали ќе биде во стартниот состав или ќе почне од клупата.
Оваа одлука доаѓа по успешниот состанок меѓу него и тренерот Слот на кој биле разрешени недоразбирањата.
А тие настанаа по една изјава на Салах против Слот и Ливерпул која одекна како бомба на Островот. Поради тоа тој беше изоставен од тимот за мечот против Интер во Лигата на шампионите, но сега се враќа.






