вторник, 24 март 2026

Салах потврди: Си оди од Ливерпул по крајот на сезоната

Мохамед Салах најави дека ќе го напушти Ливерпул на крајот од сезоната, со што ќе стави крај на една од најуспешните епизоди во историјата на клубот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Египетскиот напаѓач, кој пристигна на „Енфилд“ во 2017 година, остави длабока трага и се искачи на третото место на вечната листа на стрелци, со 255 голови на 453 натпревари.

За жал, дојде тој ден. Ова е првиот дел од моето збогување. Ќе го напуштам Ливерпул на крајот од сезоната. Никогаш не замислував колку овој клуб, овој град и овие луѓе ќе станат дел од мојот живот. Ливерпул не е само клуб, тоа е страст, историја и дух. Заминувањето никогаш не е лесно. Вие ми ги дадовте најубавите моменти во животот и секогаш ќе бидам еден од вас“, изјави Салах.

Со Ливерпул освои бројни трофеи, меѓу кои Лигата на шампионите и две титули во Премиер лигата, а во изминатиот период настапуваше со променлива форма под водство на Арне Слот. И покрај договорот до 2027 година, двете страни ќе се разделат по крајот на сезоната, со што ќе заврши една ера на „Енфилд“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ