среда, 10 декември 2025

Салах одби да се извини, го пропушта и наредниот дуел на Ливерпул

Мохамед Салах не беше во составот на Ливерпул поради неговата изјава со која го нападна тренерот Арне Слот и клубот, а како што стојат работите, извесно е дека ќе го пропушти и мечот против Брајтон во Премиер лигата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Салах јавно искажа незадоволство откако беше седнат на клупата за резерви, тој без влакно на јазикот, дрско и себично распали по Арне Слот и Ливерпул, во моменти кога на клубот не му оди најдобро.

По вчерашната победа над Интер, Слот ги запраша новинарите, кој треба да се извини прв, дали тој или Салах. Со што јасно стави дознаење дека нема да го игра фудбалерот додека не се извини.

Информациите од Англија велат дека Салах не прифатил да се извини, а тоа значи дека ќе го пропушти и натпреварот со Брајтон во Премиер лигата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ