Повторно ќе биде организиран како турнир, а не како дуел. Ќе учествуваат три екипи, две составени од Американци и една од странци. Ќе се играат четири натпревари, секој ќе трае по 12 минути. Системот на натпреварување е секој со секого, а последната четвртина, односно последниот натпревар ќе биде меѓу двете најдобри екипи.
Ќе биде интересно да се видат Никола Јокиќ, Виктор Вембањама, Лука Дончиќ, Шеј Гилџес Александар… во еден тим против Американците.
На хартија ќе изгледа како возбудлив настан, но дали ќе биде така ќе зависи од тоа колку им се игра на кошаркарите. Вообичаено ол-стар натпреварите веќе години наназад се само шоу кое нема натпреварувачка тензија.
Фото: ЕПА






