Арина Сабаленка ќе ја брани титулата на УС Опен откако со пресврт успеа да ја победи Џесика Пегула.
Американката одлично го почна мечот, го доби првиот сет со 6-4, но одговорот на Сабаленка стигна веднаш, таа ги доби наредните два сета со 6-3 и 6-4 и дојде до победата од 2-1.
Со пресврт победи и Анисимова против Осака. Јапонската тенисерка го доби првиот сет во тајбрејк со 7-4 и поведе со 1-0.
Во вториот сет исто така се играше тајбрејк, овојпат тој и припадна на Анисимова со 7-3. Третиот решавачки сет го доби Американката со 6-3.
Фото: EPA Photo






