Сабаленка оваа година трипати играше финале на грен-слем турнир, но во Мелбурн загуби од Медисон Кис, а во Париз од Коко Гоф, па ова ѝ беше последна шанса за трофеј.
Белоруската тенисерка доминираше против Американката, првиот сет го доби со 6-3, во вториот ѝ беше малку потешко, се играше тајбрејк но беше подобра во него и на крајот дојде до трофејот.
За Сабаленка ова е четврти освоен грен слем турнир во кариерата, по два во Мелбурн и Њујорк.






