Сабаленка покажа дека е најдобра тенисерка во светот во овој момент, па без проблеми со 6-2 и 6-3 ја победи Свитолина.
Рибакина релативно лесно го доби првиот сет против Пегула, беше подобра со 6-3 со еден освоен брејк, но се изнамачи во вториот.
При водство од 5-4, казахстанската тенисерка пропушти три меч топки и дозволи на Пегула да се врати. Мечот отиде во тајбрејк во кој Пегула имаше и две сет топки, но пропушти да израмни на 1-1, Рибакина го доби тајбрејкот со 9-7 и победи со 2-0.






