Белоруската тенисерка за 71 минута ја совлада Жаклин Кристијан од Романија со убедливи 6-4 и 6-1 и се пласираше во следното коло каде ќе се сретне со славната Наоми Осака. Овој дуел веќе се најавува како еден од најатрактивните на турнирот.
Во машкиот дел од турнирот, ноќеска настап имаше вториот носител, Јаник Синер кој со 6-3 и 6-2 го победи Жоао Фонсека од Бразил.
Пласман во следната рунда обезбеди и Александер Зверев кој беше подобар од Американецот Брендон Накашима со 7-6, 5-7 и 6-4.






