Во екипните спортови руските и белоруските екипи и клубови се комплетно исфрлени, во повеќето индивидуални спортови настапуваат под неутрално знаме, а ако победат, наместо нивната химна се пушта олимписката.
За разлика од Русија и Белорусија, Израел минува без никакви санкции и покрај тоа што конфликтот во Газа, кој е полн со прекршување на човековите права, трае веќе долго време.
Сѐ повеќе спортски федерации во светот бараат да се симнат санкциите врз Русија и Белорусија и да се раздели спортот од политиката, а спортистите од овие земји да имаат рамноправен третман како и другите.
Астрит Хасани во улогата на претседател на Европската федерација за кревање тегови на 3 октомври испратил отворено писмо до Меѓународниот олимписки комитет (МОК) со седиште во Лозана во кое бара отворање на прашањето за статусот „неутрален спортист“ за спортистите од Русија и Белорусија.
Хасани го адресира писмото до претседателката на МОК, Кирсти Ковенри и го поддржува ставот дека спортот е над политиката. Тој тврди дека со примена на статусот „неутрален спортист“ се поткопува основното олимписко начело за унивезалност и негирање на политичкото влијание врз спортистите.
Хасани ги повикал МОК да ја укине или ревидира оваа категорија „неутрален спортист“ по што спортистите од Русија и Белорусија би можеле да настапуваат со своите национални знамиња и химни.
Тој е од Косово и во писмото ја употребува својата лична приказна дека спортот може да ги надмине политичките поделби.
„Мојата земја не е призната од Русија или Белорусија, а сепак преку спортот нашата џудистка — … се натпреваруваше, знамето на Косово се крена во Русија“, вели Хасани во дел од писмото во кое го потенцира и двојниот аршин на меѓународните спортски федерации, пред се на МОК: „Ако Белорусија или Русија се санкционирани поради воени дејства, зошто други држави во конфликти не се третираат на ист начин?“.
Во барањето за нормализирање на статусот на руските и белоруските спортисти се вклучи и Меѓународната федерација за кревање тегови со која претседава Мухамед Џалуд. Тој презеде акција која би ги вратила спортистите од овие земји во натпреварувањата за кревање товар.






