недела, 14 декември 2025

Руски ММА борец застрелан со пет куршуми пред својот дом (ВИДЕО)

Рускиот ММА борец, Тимур Хизриев е застрелан со пет куршуми, две маскирани лица го нападнале со огнено оружје пред неговиот станбен комплекс во Махачкала.

Објавено на

часот

Сподели

29 годишниот ММА борец Тимур Хизриев преживеал обид за убиство, бил нападнат од две маскирани лица.

Инцидентот се случил околу полноќ пред неговиот станбен комплекс во Махачкала, во регионот Дагестан.

Како што се гледа на снимките од безбедносните камери, додека Тимур Хизриев излегува од возилото и ги собира своите работи, двајца напаѓачи му приоѓаат од зад грб и почнуваат да пукаат со пиштол.

И покрај тоа што е погоден, Тимур Хизриев успева да собори еден од напаѓачите и потоа да побегне.

Тој се здобил со прострелни рани во рамото, градите и раката, но во моментов е во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ