Зимската параолимпијада ќе се одржи од 6 до 15 мај во Милано и Кортина.
Русија и Белорусија по долго време првпат ќе учествуваат под своето знаме. Тоа ќе бидат шест руски и четири белоруски спортисти.
Тоа ќе биде првпат по Сочи 2014 година да се вее руското знаме на едни параолимписки игри. Најпрво беше забрането поради допинг скандалот, а потоа и поради војната со Украина.
Ова би требало да е уште едно наговестување на постепено враќање на Русија на меѓународната спортска сцена.






