сабота, 20 декември 2025

Руни си ја отвори душата: Можев да бидам мртов, сопругата ме спаси

Легендата на Манчестер јунајтед и англискиот фудбал, Вејн Руни проговори за борбата против алкохолот во која излегол како победник само благодарение на неговата сопруга Колин.

Објавено на

часот

Сподели

Руни за своите проблеми со алкохолот зборуваше во подкастот со неговиот поранешен соиграч Рио Фердинанд.

„Во еден момент дојдов до точка до која беше премногу. Се борев со алкохолот, не зборував со никого за тие проблеми, не сакав да бидам товар на никого. За тоа што сум денес тука најзаслужна е мојата сопруга, ако не беше таа веројатно ќе бев мртов“, призна Руни.

Покрај Манчестер јунајтед, Руни во својата кариера беше дел уште од Евертон, Ди-Си Јунајтед и Дерби Каунти каде што ја заврши кариерата.

Фото: Derby County

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ