Руни веќе неколку години е во тренерските води, но и покрај тоа, тој е подготвен да работи како помошник на Мајкл Карик во Јунајтед. Не му е под честа.
Наскоро се очекува Мајкл Карик да биде назначен за тренер до крајот на сезоната, а Руни му се нуди да му биде дел од стручниот штаб.
„Секако дека би го прифатил тоа. За тоа не треба ни да се размислува. Сакам да потенцирам дека не молам за работа. Само сакам сите да знаат дека ако ме викнат да отидам таму, секако дека би отишол“, рече Руни на прашањето од „Би-Би-Си“ дали би прифатил да биде помошник на Карик.






