„Светците“ во 2017 направија потрес на трансфер пазарот кога одвоија неверојатни 222 милиони евра за ангажман на Нејмар.
Оваа зделка ги заостри односите помеѓу двата клуба, а сега се најавува и рунда број 2.
Одредени извори од Шпанија говорат дека ПСЖ е подготвен да плати 230 милиони евра за ангажман на Ламин Јамал.
„Каталонците“ се во финансиска криза, сумата е примамлива, но тешко дека ќе ја продадат својата најголема ѕвезда.






