сабота, 12 јули 2025
Неверојатните бројки од новиот договор на Португалецот

Роналдо во Ал Наср за една минута ќе заработи просечна македонска плата (ФОТО)

Кристијано Роналдо и Ал Наср ја официјализираа новата соработка, Португалецот останува во Саудиска Арабија до јуни 2027 година.

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо реши да ја продолжи авантурата во Саудиска Арабија и да стави потпис на нов двегодишен договор.

Соработката беше официјализирана попладнево, а медиумите веќе шпекулираат за тоа колку ќе заработува Португалецот.

Одредени извори пренесуваат дека Кристијано Роналдо ќе има годишна плата од 400 милиони евра.

Или во превод, секоја секунда ќе заработува 13 евра, секоја минута ќе заработува 772 евра, секој саат ќе заработува 46.300 евра, секој ден ќе заработува 1,1 милиони евра, секоја недела ќе заработува 7,6 милиони евра и секој месец ќе заработува 33,34 милиони евра.

Со вакви бројки, Кристијано Роналдо за една минута ќе заработи просечна Македонска плата.

ФОТО: X/Al Nassr FC

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ