Кристијано Роналдо признава дека се ближи крајот на неговата богата кариера, Португалецот во видео интервју за време на туристички форум во Ријад, прво најави дека Светското првенство во 2026 ќе биде негово последно.
„Да, дефинитивно. Ќе имам 41 година и мислам дека тоа ќе биде вистинско време“ – вели популарниот ЦР7.
Во неодамнешното интервју со Пирс Морган, Кристијано Роналдо рече дека „наскоро“ ќе оди во пензија, па сега беше прашан да појасни што значи тоа „наскоро“.
„Видете, „наскоро“ за мене значи период од 10 години“ – рече напаѓачот со голема насмевка на лицето.
„Но луѓето мислам дека „наскоро“ значи неколку месеци. Ајде да бидеме малку реални, кога велам „наскоро“, мислам на една до две години. Како што знаете, во фудбалот, кога ќе достигнете одредени години, месеците минуваат многу брзо“.
„Се чувствувам одлично во моментов, постигнувам голови, се забавувам и уживам во фудбалот“.
Фото: ЕПА






