сабота, 6 декември 2025
ИМА ЧИСТА СОВЕСТ

Роналдо откри зошто не присуствуваше на погребот на Диого Жота

Кристијано Роналдо кажа две причини поради кои не присуствувал на погребот на Диего Жота, вели дека не оди на гробишта по смртта на неговиот татко, а и не сакал медиумите да направат „циркус“ од неговото присуство.

Објавено на

часот

Сподели

Во јули месец, светот на фудбалот беше потресен од веста за смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре, автомобилот во кои патувале од Порто кон Сантандер за да се качат на траект кон Англија, излета од патот и се запали.

Кристијано Роналдо тогаш се најде во фокусот откако не присуствуваше на погребот на соиграчот од репрезентацијата на Португалија, многумина го критикуваа што остана на својата јахта во Мајорка, наместо да се појави и да даде поддршка на семејството на Диого Жота.

Во интервјуто со Пирс Морган, популарниот ЦР7 сега кажа две причини поради кои не се појавил на погребот.

„Луѓето ме критикуваат многу, и не обрнувам многу внимание ако знам дека совеста ми е чиста“ – вели Кристијано Роналдо.

„Не отидов поради две причини. Откако почина татко ми, никогаш повеќе не сум бил на гробишта““.

„Како второ, добро знаете кој сум и каква репутација имам, каде и да се појавам настанува циркус. Не се појавив на погребот на Жота бидејќи целото внимание ќе биде на мене, и не го сакав тоа“.

„Слободно можат да продолжат да ме критикуваат, но јас сметам дека одлуката беше исправна. Не треба да се појавам за само луѓето потоа да речат, ете се појави. На прво место ми беше неговото семејство“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ