Ал-Наср играше на домашен терен, но не го искористи тоа, јапонскиот тим се покажа како подобар и се пласираше во финалето на големото азиско клупско натпреварување.
Ова значи дека Кристијано Роналдо и понатаму останува без значаен трофеј со Ал-Наср, бадијала се парите кои ги фрла саудискиот клуб кога секогаш се наоѓа некој подобар од нив.
Роналдо после секој неуспех, на социјалните мрежи пишува мотивациона порака,така беше и синоќа.
„Понекогаш за да се остварат соништата треба да се почека. Горд сум на овој тим и се што дадовме на теренот. Благодарност до сите фанови кои веруваа во нас и кои беа со нас во секој чекор. Поддршката ни значи цел свет“, напиша Роналдо.
Португалецот откако е во Ал-Наср има напишано повеќе мотивациски пораки отколку што има освоено трофеи.