Жоао Феликс беше на чекор до враќање во Бенфика, клубот од неговото детство, но работите се променија откако доби телефонски повик од Кристијано Роналдо.
ЦР7 потоа му го испрати и својот приватен авион, па Жоао Феликс во неделата пристигна во Салцбург на лекарски прегледи со Ал Наср.
Откако беа комплетирани сите формалност, Жоао Феликс стави потпис на договорот и со 25 години се сели во Саудиска Арабија.
Очигледно понудата тешко се одбива, се шпекулира дека Португалецот ќе заработи околу 70 милиони евра за две години.
Зделката е прилично поволна и за Челси, „сините“ ќе добијат 30 милиони како фиксен дел, плус 20 милиони евра во лесно остварливи бонуси, со што ќе ја поврати сумата која ја плати пред 12 месеци на Атлетико Мадрид.
ФОТО: X/AlNassr FC






