четврток, 26 февруари 2026

Роналдо купи 25 проценти од акциите на шпански второлигаш

Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо направи уште еден бизнис потег, овојпат купи една четвртина од сопственоста на фудбалскиот клуб Алмерија која во овој момент е третопласирана во шпанската втора лига.

Објавено на

часот

Сподели

Договорот официјално е објавен денеска, а е склучен преку ЦР7 Спортс Инвестментс, нова подржуница на неговата деловна компанија ЦР7 СА, преку која тој ги насочува своите деловни инвестиции.

Иако не се објавени финансиски бројки, официјалното соопштение ја опишува купопродажбата како „стратешка инвестиција“ што ја одразува долгорочната посветеност на играчот од Ал Наср да поседува професионални клубови.

„Одамна имам амбиција да придонесам за фудбалот надвор од теренот. Алмерија е шпански клуб со силна основа и јасен потенцијал за раст. Сакам да соработувам со тимот што го води клубот за да го поддржам во неговата следна фаза од развојот“, објасни Роналдо.

Инвестицијата, исто така, го означува враќањето на Роналдо во шпанскиот фудбал, иако сега во административна улога. Неговото вклучување доаѓа една година откако андалузискиот клуб беше купен од саудиска инвестициска група. Претседателот на клубот, Мохамед Ал Кереиџи, го прослави влегувањето на португалската ѕвезда во акционерската структура.

„Многу сме задоволни што Кристијано го избра нашиот клуб за инвестирање. Тој се смета за најдобар на теренот, многу добро ги познава шпанските лиги и го разбира потенцијалот на она што го градиме тука, и во првиот тим и во младинската академија“, рече Ал Кереиџи.

Роналдо одржува блиски односи со Ал Кереиџи, кој наводно одиграл клучна улога во неговото доаѓање во Ал-Наср по неговото контроверзно заминување од Манчестер Јунајтед и сега успеал да ја натера португалската ѕвезда да стекне 25% од андалузискиот клуб.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ